Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2011

Терек казнет со два натпревара на неутрален терен

Фудбалската федерација на Русија го казни прволигашот Терек со два натпревари на неутрален терен поради инцидентот на мечот со Краснодар, кога противничкиот фудбалер беше претепан од страна на обезбедувањето.

Натпреварот на резервните тимови на двата клуба се одигра на четврти ноември на стадионот на Терек, а фудбалерот на Краснодар, Спартак Гогниев оттаму си замина со скршени ребра и нос кога во тунелот покрај теренот беше нападнат од обезбедувањето.

Иако заработи тешки повреди, Гогниев беше казнет и со шест мечеви неиграње, како и 1.600 долари поради претходно добиениот црвен картон поради физички напад на судијата.

Исто така, и екипата на Терек Грозни е казнета парично со 16.000 долари.

Најнови вести