Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2016

Бен Арфа на пат кон Истанбул

Хатем Бен Арфа, играчот за врска на ПСЖ, само по шест месеци поминати во клубот од Париз, би можело да ја промени средината. За неговите услуги е заинтересиран турскиот Фенербахче, кој сака да го доведе на заем.

Клубот од Истанбул испратил понуда за 29-годишниот фудбалер, кој летоска ја напушти Ница и направи трансфер во ПСЖ. Бен Арфа одлично ја одигра минатата сезона во клубот од југот на Франција, но во редовите на „светците“ целосно потфрли, а брзо дојде и до судир со тренерот Унаи Емери.
Бен Арфа едно време беше отстранет од тимот, но сепак беше вратен, но не во стартната постава. Дик Адвокат, тренерот на Фенербахче, побарал од управата да го доведе одличниот креативен играч, а според пишувањата на француските медиуми, и ПСЖ се согласил на предлогот.
Откако оваа недела во ПСЖ стигна и Јулијан Дракслер од Волфсбург, сè помали се шансите дека Бен Арфа ќе игра, па се очекува уште тој да се согласи да се пресели во Истанбул на шест месеци.

Најнови вести