Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2016

Јувентус го чека Вицел, планира уште два трансфера

Јувентус ќе биде многу зафатен на пазарот во јануари, во Торино планираат да реализираат три трансфери, од кои два ќе бидат договорени за летото следната година.

Во центарот на вниманието, секако, е Белгиецот Аксел Вицел, чие доаѓање од Зенит се најавува веќе со месеци.
На играчот за врска во јуни му истекува договорот со рускиот клуб, но „старата дама“ е подготвена да плати шест милиони евра за да го добие веднаш. Но, Русите наводно бараат десет.
Освен Вицел, Јувентус планира да го доведе и Родриго Бентакур, дефанзивниот играч на Бока, како и Матија Калдара, стоперот на Аталанта.
„Работиме на тоа да ги доведеме Вицел и Бентакур. Аргентинецот веројатно ќе дојде налето, а за Вицел чекаме одговор од Зенит“, изјави Џузепе Марота, генералниот директор на Јувентус.
Италијанските медиуми пишуваат дека Марота вчера отпатувал во Бергамо за да го договори трансферот на Калдара.
Јувентус е убедливо прв во Серија А, а на крајот на февруари и на почетокот на март следната година го чека двомечот со Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Најнови вести