Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2016

Левандовски во Баерн до 2021 година: Многу сум среќен

Полскиот центарфор Роберт Левандовски го продолжи договорот со Баерн од Минхен до 2021 година, соопшти германскиот клуб.

„Многу сум среќен што преговорите дадоа позитивен резултат и што ќе останам во Баерн неколку години подолго. Сè уште имаме големи амбиции“, изјави Левандовски по потпишувањето.
Важечкиот договор на дваесет и осумгодишниот напаѓач требаше да му истече летото 2019 година.
Карл-Хајнц Румениге, претседателот на баварскиот клуб, изјави дека е воодушевен од продолжувањето на соработката со најдобриот стрелец на Баерн.
„Многу сум среќен што ни е обезбеден еден од најдобрите центарфори на подолг рок“, изјави Румениге.
Преговорите меѓу Баерн и Левандовски, како што е соопштено, биле интензивни и фер, а клубот му се заблагодари на играчот за конструктивните разговори.

 

Најнови вести