Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2016

Тери го напушта Челзи по 22 години

Челзи од Лондон нема да му понуди нов договор на Џон Тери, па искусниот 36-годишен дефанзивен играч на крајот на сезоната ќе го напушти саканиот клуб по 22 години.

Тери одби во јануари да ја промени средината, иако доби богата понуда од Шангај Шенхуа, бидејќи сака од дресот на Челзи да се збогува со титулата во Премиер лигата.
Англискиот „Тајмс“ пишува дека менаџерот Антонио Конте го нема Тери во плановите и дека веќе му соопштил дека ја игра последната сезона на „Стемфорд бриџ“.
Слична беше ситуацијата околу договорот на Тери и минатата година, дури англискиот фудбалер соопшти дека заминува, но имаше пресврт на работите и тој доби нова едногодишна соработка.
Тери од младите категории во првиот тим на Челзи дојде во 1998 година, одигра 710 натпревари и постигна 66 голови, а освои: четири титули на Премиер лигата, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, пет титули на ФА купот, три на Лига купот и два пати Комјунити шилд.
Тери оваа сезона одигра само седум натпревари во сите натпреварувања, бидејќи Конте предност им дава на Гери Кејхил, Давид Луиз и Сесар Аспиликуета.

Најнови вести