Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2016

Вицел во Јувентус од јануари

Зенит конечно се согласи да го пушти Аксел Вицел, па Белгиецот во јануари ќе го засили Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Рускиот клуб летоска во последен момент се откажа да го продаде Вицел на „старата дама“, иако првобитно се согласи на трансферот.
Во меѓувреме во клубот се премислиле дека Белгиецот не би го напуштил Санкт Петербург без оштета, па ќе го продадат во јануари за шест милиони евра.
Вицел во Зенит направи трансфер пред четири и пол години од Бенфика за 40 милиони евра, а со рускиот клуб ги освои шампионската титула, Купот и Суперкупот.
Играше уште за Стандард од Лиеж, додека за репрезентацијата на Белгија настапи 76 пати и постигна осум погодоци.

Најнови вести