Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2016

Ждрепката за ЕП утре: Македонија во третиот шешир

Ждрепката за Европското првенство во Полска за фудбалерите до 21 година ќе се одржи утре, а репрезентацијата на Македонија се наоѓа во третиот шешир.

Извлекувањето на топчињата е закажано за 18 часот во полскиот град Краков, каде што наредната година ќе се игра финалето на турнирот.
Домашната селекција веќе е сместена во групата А, додека преостанатите репрезентации се класифицирани врз основа на коефициентите, па во првиот шешир се уште Германија и Португалија.
Во другиот се наоѓаат Англија, Шпанија и Данска, додека во третиот шешир се: Италија, Шведска, Чешка, Србија, Словачка и Македонија.
Репрезентациите ќе бидат сместени во три групи со по четири тима, а пласман во полуфиналето ќе изборат трите првопласирани екипи и најдобрата втора.
Европското првенство во Полска ќе се одржи од 16-ти до 30-ти јуни 2017 година во Кјелце, Љубин, Гдиња, Бидгошч, Тихи и Краков.

Најнови вести