Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2016

Компани не е повреден

Винсан Компани, фудбалскиот репрезентативец на Белгија, не е повреден, а пријателскиот натпревар против Холандија го пропушти од претпазливост.

Белгија и Холандија синоќа во Амстердам одиграа нерешено 1-1, а капитенот на Манчестер сити се повлече од тимот пред натпреварот.
„Компани не е повреден. Не сакавме да ризикуваме, бидејќи по загревањето пред натпреварот не се чувствуваше добро“, изјави Роберто Мартинес, селекторот на Белгија, а пренесе „Скај спортс“.
Компани имаше проблеми со повреди, а Пеп Гвардиола, тренерот на Сити, изјави дека капитенот има иднина во клубот, но дека мора да игра редовно.
Белгија во недела ќе игра против Естонија во квалификациите за Светското првенство 2018 година, а настапот на Компани е неизвесен.
„Сакам секој играч да биде сто отсто подготвен. Ќе бидам изненаден ако Компани може да игра во недела, но сè уште е рано да се зборува за тоа. Ќе мораме да ја процениме ситуацијата, посебно со неговиот клуб, а ако Компани не биде подготвен, ќе искористам друг дефанзивен играч“, изјави Мартинес.

 

Најнови вести