Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2016

Окото на Ван Перси е добро, делуваше страшно

Холандскиот фудбалер Робин ван Перси е добро и видот не му е загрозен, откако на натпреварот од турското првенство доби силен удар во левото око.

„Ван Перси доби силен удар во окото и имаше сериозно крвавење. По првобитните прегледи, го испративме кај офтамолог за понатамошни проверки и е установено дека ништо страшно не се случило и дека ситуацијата со окото е многу добра“, изјави лекарот на Фенербахче за клупската интернет-страница.
Познатиот фудбалер е повреден во натпреварот меѓу неговиот Фенербахче и Акхисар.
Некогашниот фудбалер на Феенорд, Арсенал и на Манчестер јунајтед доби силен удар во левото око и обилно крвавеше, па во првиот момент имаше загриженост дека левото око му е сериозно оштетено и дека му е загрозен видот, а се покажа дека ситуацијата не е толку опасна.

 

Најнови вести