Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2016

ФА со нова казна за Мурињо

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини Жозе Мурињо, тренерот на Манчестер јунајтед, за непристојно однесување на натпреварот против Барнли.

Тоа е второ обвинение против Португалецот само за една седмица.
Мурињо веќе се соочува со потенцијална казна откако минатиот четврток беше обвинет поради несоодветна изјава на сметка на судијата Ентони Тејлор пред натпреварот со Ливерпул.
ФА го обвини за непристојно однесување бидејќи судијата Марк Клатенбург на натпреварот против Барнли го оддалечи Мурињо од клупата поради приговори.
Мурињо второто полувреме на тој натпревар, кој беше завршен без голови, го следеше од трибините.
Можни казни за Мурињо се: предупредување, парична казна, забрана за водење на тимот од клупата, па и забрана за влегување во стадионот.

Најнови вести