Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2016

Ватфорд под истрага поради измама

Против Ватфорд се води истрага поради финансиска измама и би можело експресно да се врати во Втората лига.

Премиер лигата покрена истрага врз основа на сомнението дека сопственикот на клубот Џино Поцо доставил лажна документација за својата финансиска состојба кога во 2014 година го преземал Ватфорд.
Поцо врз основа на документ со печат од банката „ХСБЦ“, една од најголемите на светот, потврдил дека има доволно пари за преземање на клубот. Но, новите докази навестуваат дека тој извештај е фалсификуван и дека Италијанецот не е толку богат како што тврдел.
Во случај сомневањата да бидат потврдени, Ватфорд се соочува со казна одземање бодови.
Досега само два клуба во историјата на Премиер лигата (1992-2016) се казнети со одземање бодови. Во сезоната 1996/97 Мидлсборо остана без три бода поради неовластено одложување на натпревар. На Портсмут во сезоната 2009/10 му беа одземени десет бодови поради банкрот. Двата клуба на крајот на сезоната испаднаа од Премиер лигата.

Најнови вести