Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2016

Стартува новата сезона во НБА-лигата

Со натпреварот меѓу Кливленд и Њујорк, кој се игра ноќта меѓу вторник и среда (01.30 часот), почнува 71-вата сезона во најсилното кошаркарско натпреварување во светот, НБА-лигата.

Актуелниот шампион Кливленд, предводен од Леброн Џејмс, ќе ја отвори новата сезона во НБА-лигата со натпреварот против Њујорк, а ноќта ќе се одиграат уште два натпревари, меѓу Портланд и Јута и меѓу Голден стејт и Сан Антонио.
Според коментарите на сите лица инволвирани во случувањата на НБА, и во оваа сезона, како и во претходните две, за титулата ќе се борат Кливленд и Голден стејт. Ако се случи тоа, тогаш за прв пат во историјата на НБА-лигата ќе играат две исти екипи во три последователни финални натпревари и доколку сè се одвива според планот, прашање е само против кого ќе играат тие две екипи во конференциските финалиња, кои се увертира за борбата за титулата.
Во Западната конференција Голден стејт, кој сега е засилен со Кевин Дурант, е најголем фаворит за прстенот, а конкуренција можат да му бидат Сан Антонио, Лос Анџелес клиперс или Хјустон.
Во Источната конференција апсолутен фаворит е Кливленд, а во конкуренција се Торонто, Бостон и Индијана. 

Најнови вести