Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2016

Нови повредени фудбалери во Барселона

По двајцата дефанзивни фудбалери, надвор од редовите на Барселона е и тандемот играчи за врска.

Барселона во Валенсија ќе има големи проблеми. Пике и Алба се надвор од редовите, а на листата на повредените од вчера се и Рафиња и Арда Туран.
Тие повредите ги доживеаја на вчерашниот тренинг и не се на списокот со патници за денешниот натпревар на традиционално непријатната „Месталја“.
Рафиња и Туран веројатно не би биле стартери, но би биле важна опција од клупата, како и во досегашниот дел на сезоната. На нивно место дополнително се повикани Алеих Видал и Карлес Алења од Барселона Б.
Луис Енрике на теренот би можело да го изведе следниот состав: Тер Штеген-Роберто, Маскерано, Умтити, Дињ-Бускетс, Ракитиќ, Иниеста-Меси, Суарес, Нејмар.
Натпреварот меѓу Валенсија и Барселона на програмата е денес, од 16.15 часот.

Најнови вести