Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2016

Хал продаден за 145 милиони евра

Конзорциумот од Хонгконг се договори за купување на англискиот премиерлигаш Хал за 145 милиони евра.

Семејството Алам, кој беше сопственик на клубот од 2010 година, успеа да го продаде Хал по две години и неможноста да го промени името во Хал тајгерс.
Договорот меѓу двете страни е објавен на хонгконшката берза, а нови сопственици ќе бидат братот и сестрата Даји Јонг и Даји Ксин Ли.
Преостанува само уште челниците на Премиер лигата да дадат согласност околу преземањето на клубот, што би требало да биде формалност. Фудбалерите на Хал се наоѓаат на 14-тото место на табелата на англиското првенство со седум освоени бодови.

Најнови вести