Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2016

Нови договори за Венгер, Озил и Санчес

Како што пишуваат британските медиуми, фудбалскиот клуб Арсенал, по солидните резултати кои ги бележи во последно време, одлучил да го продолжи договорот со менаџерот Арсен Венгер, кој на таа позиција во клубот е веќе 20 години, но и со фудбалерите Алексис Санчес и Месут Озил.

По подолго време може да се рече дека Арсенал почна одлична сезона, врзувајќи седум победи во сите натпреварувања, а последна во низата беше победата над бугарскиот Лудогорец дури со 6-0. Тоа, без сомнение, позитивно влијаеше врз челниците на англискиот клуб, коишто подготвија нов договор за својот менаџер, но и за главните ѕвезди на тимот, Озил и Санчес.
Добрите резултати ги ставија во позиција да ги определат условите на новите договори, а како што пишува „Сан“, со најмногу барања е Озил, која сака седмична плата дури од 250.000 фунти. Дали челниците на клубот ќе му ја исполнат желбата, останува да се види.
Алексис Санчес ги одигра сите три натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона и беше стрелец на два, против ПСЖ и против Лудогорец, додека во Премиер лигата од осум натпревари одигра седум и постигна пет голови.
Месут Озил во Премиер лигата одигра седум натпревари и постигна три гола, додека во Лигата на шампионите ги одигра сите три натпревари и постигна три погодоци на средбата против Лудогорец.

Најнови вести