Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2016

Де Бур: Ситуацијата со Икарди е лоша за клубот

Франк де Бур, тренерот на Интер, изјави дека ситуацијата во врска со капитенот Мауро Икарди и судирот со навивачите е лоша за сите во клубот.

Интер по осум кола се наоѓа дури на 11-тото место во Серија А, со десет бода помалку од лидерот Јувентус, а вечерва го дочекува Саутхемптон, во третото коло на Лигата на Европа.
„Таквите работи не се добри за тимот, за навивачите и за клубот. Такво нешто мораме да избегнеме во иднина бидејќи ни го отстранува фокусот од теренот. Икарди мора да преземе одговорност, капитен е и мора да биде пример за сите“, изјави Де Бур.
На навивачите им засмета автобиографијата на Икарди, во која навел дека минатата година го одбил нападот на најжестоките навивачи  на Интер, заканувајќи им се свои криминалци од Аргентина.
На сето тоа се надоврза непогодениот пенал на Икарди во поразот од Калјари (2-1) на „Џузепе Меаца“ минатиот викенд, но и нападот на четириесетина навивачи врз неговиот автомобил пред куќата веднаш потоа.
Љубителите на „нераѕурите“ побараа на контроверзниот Аргентинец да му се одземе капитенската лента, но клубот го поддржа фудбалерот.

Најнови вести