Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2016

Пеп повторно дома: Барса игра посебен фудбал

Манчестер сити, предводен од Пеп Гвардиола, гостува кај Барселона во дербито од третото коло на групата Ц во Лигата на шампионите.

Гвардиола прв пат со англискиот клуб доаѓа на стадионот каде што се прослави како играч и тренер, а домашните навивачи, со големо почитување кон некогашниот капитен и идол, се надеваат дека ќе си поминат исто како и со Баерн, кога во предминатата сезона во четврт-финалето беше 3-0 за Барселона.
„Барселона игра на посебен начин, имаат тројца вонсериски напаѓачи коишто прават разлика и кога ќе победат со 4-0, тие го заслужиле тоа. Токму поради тоа доминираат во Шпанија во последните осум-девет години, а во Европа се на врвот или барем во полуфиналето“, дипломатски изјави Гвардиола.
Неговиот некогашен соиграч Луис Енрике, кој сега ги води Каталонците, изјави дека не се слушнал со Пеп, но дека очекува атрактивен натпревар.
„Сити како клуб константно напредува, а сега уште повеќе со новиот менаџер“, изјави Енрике.
Спектаклот за речиси 100.000 гледачи на „Камп ноу“ и којзнае уште колку пред ТВ-екраните ширум планетата е загарантиран.

Најнови вести