Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2016

Засилувањата на Барселона две илјади минути без гол

Во Барса летоска не штедеа пари за засилувања, меѓутоа ниту еден играч кој оваа сезона стигна на „Камп ноу“ сè уште не ја затресол мрежата во дресот на новиот клуб.

Шпанскиот весник „Ас“ пресмета дека новите шестмина играчи на Барселона одиграле 1.983 минути без ниту еден постигнат гол.
Во вкупниот збир, 90 минути му припаѓаат на голманот Силесен, кому не му е работа да постигнува голови. Тука се и двајцата дефанзивни играчи, Лукас Дињ и Самуел Умити, од кои можеби не е нужно да се очекуваат голови, но колегите од одбраната Пике и Матје веќе им поставија домашна задача со четирите погодоци кои ги дадоа во оваа сезона.
Во редот за врска, Андре Гомес и Денис Суарез сè уште не дале свој придонес со голови, а во нападот потфрли Пако Алкасер. Нешто поради недостаток на среќа, нешто поради заслугата на противничките дефанзивни играчи, засилувањето на Барса од Валенсија никако да се запише во листата на стрелците.
Јаспер Силесен (90 минути)
Самуел Умити (431)
Лукас Дињ (408)
Андре Гомес (417)
Денис Суарез (413)
Пако Алкасер (224)

Најнови вести