Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2016

Мурињо: Ја контролиравме играта, судијата беше добар

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, по дуелот без голови со Ливерпул изјави дека неговиот тим го држел натпреварот под контрола.

Тој го пофали и судијата Ентони Тејлор, иако му се заканува казна од ФА поради коментирање околу арбитерот пред натпреварот.
Португалецот додаде дека Ливерпул не е последното светско чудо на напаѓачкиот фудбал, како што го нарекуваат понекогаш новинарите, туку дека знае да функционира и дефанзивно.
„Тие обично играат со повеќе офанзивни играчи, а овој пат целиот натпревар го одиграа Џан и Хендерсон. Беа многу внимателни. Имаа и посед од 65 проценти, но упатија два удари околу голот. Кога игравме овде минатата година, имаа 14, критиките треба да одат на сметка на Ливерпул, а не на страната на Јунајтед“, изјави Мурињо изнесувајќи статистички податоци.
„Публиката очекуваше лесен натпревар, но ние ги исконтролиравме емоциите. Беше тежок натпревар за двете екипи, но Ливерпул беше во незгодна ситуација“, додаде Португалецот.
Мурињо побара дозвола да одговори на прашањето за судијата Тејлор, бидејќи пред натпреварот се најде на удар на ФА, откако изјави дека врз арбитерот од Манчестер се врши преголем притисок.
„Имаше добар натпревар. Среќен сум поради Тејлор, бидејќи луѓето на одговорните места извршија преголем притисок врз него. Тоа можеше да влијае врз судењето, но не се случи тоа“, изјави Мурињо.

Најнови вести