15.10.2016 Азар: Сакам да играм на позицијата на десетка
Еден Азар, фудбалерот на Челзи, изјави дека најмногу би сакал да игра на позицијата зад напаѓачите, а не на левата страна.
Тој додаде дека сепак ќе даде сè од себе на која позиција и да го постави менаџерот Антонио Конте.
„Сакам да играм на позицијата на десеткa. Меѓутоа, во Челзи некогаш не играме во системот со таа позиција. Не знам дали во Челзи ќе играм на таа позиција. Тоа прашајте го менаџерот. Играм на левата страна и давам сè од себе. Не верувам дека Челзи само поради мене ќе ја менува тактиката“, изјави белгискиот фудбалер.
Тој додаде дека имал успеси во минатото на левата страна.
„Да, добро играв во минатото на левото крило, сега се обидувам да се вратам во форма на таа позиција“, додаде Азар.