Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2016

Кој го сака Бејл, ќе плати пола милијарда евра!

Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид, ќе потпише нов договор со кралскиот клуб, а откупната клаузула ќе изнесува 500 милиони евра, пренесоа шпанските медиуми.

Како што пренесе радиото „Кадена сер“, Бејл по потпишувањето на новиот шестгодишен договор, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане до крајот на сезоната 2021/22, а ако некој клуб за тоа време ќе сака да го ангажира, ќе мора да плати 500 милиони евра.
Репрезентативецот на Велс е еден од најдобрите фудбалери на Реал откако направи трансфер во шпанскиот клуб од Тотенхем во 2013 година.
Бејл досега одигра 131 натпревар за Реал и постигна 61 гол. Со кралскиот клуб освои: две титули на Лигата на шампионите, Кралскиот куп, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

Најнови вести