Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2016

Петев и официјално на клупата на Динамо од Загреб

Бугарскиот фудбалски стручњак Ивајло Петев е промовиран како нов тренер на Динамо од Загреб.

Петев поради повикот од страна на учесникот на Лигата на шампионите, одлучи да го напушти местото селектор на репрезентацијата на Бугарија, а во новиот тим ќе дебитира во големото дерби против Хајдук од Сплит.
„Среќен сум што дојдов во Динамо. Сакам да постигнам успех и да ја вратам екипата на првото место, кое го заслужува. Нема да биде лесно, мораме многу да работиме и само тоа го ветувам. Во главата имам само едно, сакам да создадам вистинска екипа“, изјави Петев на конференцијата за медиумите.
Петев пред два дена стигна во Загреб и на „Максимир“ го гледаше убедливиот пораз на својот нов тим против Јувентус (4-0) во Лигата на шампионите.
Четириесет и едногодишниот тренер во текот на кариерата ги водеше Лудогорец и АЕЛ од Лимасол, додека само еден ден беше на клупата на Левски бидејќи навивачите го избркаа од клубот со обвинение дека е навивач на ривалскиот клуб ЦСКА.

Најнови вести