Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2016

Алардајс во центар на корупциски скандал

Фудбалската асоцијација на Англија го истражува обвинението дека Сем Алардајс, селекторот на репрезентацијата, е вмешан во корупциски случај.

Алардајс наводно ја користел својата функција за да преговара со менаџерите и ги советувал како да ги заобиколат правилата во врска со трансферите на играчи, за што тие би му платиле 400.000 фунти.
Англискиот „Телеграф“ поседува снимка од август минатата година на која Сем Алрдајс се договара со фудбалски менаџери како да ги избегнат правилата на англиската Фудбалска асоцијација за сопственост на трета страна, што е таму забрането од 2008 година (ФИФА го забрани минатата година).
Споменатата снимка е дело на новинарите во склоп на десетмесечната тајна истрага за корупција во фудбалот на Островот.
Шеесет и едногодишниот тренер, кој ги водеше Њукасл, Сандерленд и Вест хем, не се огласи по повод обвинението, додека ФА ги бараше снимките на увид.
Состанокот на првиот човек на националниот тим со новиот претседател Грег Кларк и извршниот директор Мартин Глен ќе се одржи утрово, каде што челниците на Сојузот ќе одлучат дали проблемот е резултат на лоши процени или нешто посериозно.
„Ги сакам сите факти, а не да слушнам сешто од секого, па да донесам суд. Правдата од нас бара да дојдеме до сржта на проблемот пред донесување на одлуката. Не е погодно да се суди без знаење. Кај ваквите работи морате длабоко да копате“, изјави Кларк.
Во текот на споменатиот состанок со преправените новинари Алардајс изјавил дека не е проблем да се заобиколат правилата и дека ги знае менаџерите коишто постојано го прават тоа.

Најнови вести