Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2016

Хаос на „Максимир“ пред дуелот со Јувентус

Анте Чориќ, кој е еден од најголемите хрватски таленти, нема да се најде во составот на Динамо во дуелот со Јувентус, што е големо изненадување во хрватската јавност.

Хрватскиот репрезентативец летоска беше цел на Ливерпул и на повеќе европски гиганти, но одлучи да остане за да игра во Лигата на шампионите со својот Динамо.
Судејќи според сè, тој нема да биде ниту на клупата, и тоа против најзвучниот противник во групата, италијанскиот шампион Јувентус, иако сè уште нема ниту официјална потврда ниту информација за овој расплет на ситуацијата.
Ова е статусот на Анте Чориќ 24 часа пред натпреварот:
„Во животот сите сонуваме, тежнееме соништата да ни се остварат. Мојот живот, мојот сон е фудбалот – нему му го посветив секој дел од животот, тоа така и ќе остане! Одрекувањето, работата, тренингот и трудот се дел од секојдневието кое ме прави среќен. Знам дека како јавна личност и како професионалец  можеби сум им пример на многу момчиња коишто, исто така, сонуваат еден ден да станат фудбалери, но, за жал, до остварувањето на соништата патот е тежок.“
„Жал ми е што утре нема да можам да истрчам пред полниот ’Максимир’, моментот кој го чекам откако дојдов во клубот, тешко е и кога знаеш дека не си ниту повикан на натпреварот, но за мојот Динамо и покрај момците до крај!! На соиграчите утре им посакувам добар натпревар, со срце да одиграат онака како што тие знаат најдобро, а јас ќе го почекам и тој ден пред полниот ’Максимир’ да играм за својот Динамо“, изјави Анте Ќориќ на својот профил на „Фејсбук“.

Најнови вести