Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2016

Мурињо: Многумина од моите играчи не се формирани производи

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека е свесен дека неговата екипа е далеку од онаа посакувана форма, и покрај големите вложувања.

Јунајтед вчера беше поразен со 3-1 на гостувањето кај Ватфорд, што за „црвените ѓаволи“ е втор последователен пораз во шампионатот, трет за една седмица во сите натпреварувања.
„Некои играчи чувствуваат поголем притисок и огромна одговорност“, изјави Мурињо.
Португалецот изјави дека многу фудбалери на Јунајтед мораат многу да напредуваат.
„Сезоната ја почнавме многу добро, но дали мислев дека мојот тим е подготвен, совршен и непобедлив? Секако дека не. Свесен сум дека не сме перфектни и дека имаме многу играчи кои не се формирани производи и коишто можат да згрешат“, изјави тренерот на Јунајтед.
Тој повторно ги коментираше судиските грешки, за коишто изјави дека ги чинеле бодови.
„Судиските грешки во клучните моменти не се во моја контрола, не можам ништо да направам по тој повод. Казнети сме за тие грешки и не можам ништо да направам“, додаде Португалецот.

Најнови вести