Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2016

Де Бур пред отказ во Интер

Интер синоќа доживеа шок во првиот натпревар од Лигата на Европа по поразот од израелскиот претставник Апоел Бер Шева.

Италијанските медиуми веќе шпекулираат дека Франк де Бур многу брзо би можело да добие отказ. Можеби дури и претстојниот викенд, кога игра дерби со Јувентус.
Интер имаше лош старт во Серија А, а во управата на клубот веќе станаа нетрпеливи, па наводно се подготвени да му исплатат на Холанѓанецот 1,5 милиони евра, колку што пишува дека во ваква ситуација ќе му бидат должни во тригодишниот договор што го потпиша.
Некои извори дури наведуваат дека би можело да го замени Фабио Капело.
Де Бур ја критикуваше играта на својот тим по поразот, ги жалеше навивачите, но очигледно е дека сите само го чекаат следниот кикс.

Најнови вести