Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2016

Роналдо: Натпреварот со Спортинг посебен

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, изјави дека за него ќе биде посебен натпреварот во првото коло од Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон.

Роналдо својата професионална кариера ја почна во Спортинг, а со својот поранешен клуб ќе се сретне во првото коло од Лигата на шампионите, утре кога португалскиот тим ќе гостува на „Сантијаго Бернабеу“.
„Ова е посебен натпревар, Спортинг е посебен тим. Сакав да ги извлечеме на ждрепката. Тие имаат добра екипа, добар тренер, ова ќе биде уште еден убав момент во мојот живот. И претходно играв против Спортинг во Лигата на шампионите, како и против Бенфика и Порто. Ќе ми биде привилегија повторно да играм против поранешниот клуб“, изјави Роналдо.
И претседателот на лисабонскиот клуб изјави дека се радува за натпреварот со Реал Мадрид и додаде дека би сакал Роналдо да ја заврши кариерата во Спортинг.

Најнови вести