Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2016

Динамо изгуби на „Максимир“ по 103 натпревари!

Динамо од Загреб во саботата ги шокира своите навивачи со поразот од Осиек, прв на „Максимир“ по 103 натпревари.

„Модрите“ претходниот пораз на свој терен го доживеаја од Риека на 31-ви јули 2010 година, а втората победа на Осиек над Динамо, прва по 16 години, му ја донесе Јосип Кнежевиќ во втората минута.
Поради тоа на навивачите на Динамо јавно им се извини капитенот Домагој Антолиќ, изјавувајќи дека екипата во целост е сконцентрирана на натпреварот со Лион во Франција, на отворањето на Лигата на шампионите во среда.
„На сите ни е жал поради поразот од Осиек, кој одигра добар натпревар. Не очекувавме пораз, посебно во овој дел од сезоната. Сега се свртуваме кон Лион во Лигата на шампионите, но и кон останатите натпревари. Мораме да продолжиме, да не мислиме на непријатни резултати и подобро да се подготвиме на сè што нè чека. Жал ни е што не ја продолживме позитивната низа, но ќе се обидеме што подобро психички и физички да се подготвиме за Лион“, изјави Антолиќ.
Динамо последен пат против Лион играше во декември 2011 година, кога францускиот тим победи со 7:1.
Лион во саботата ја прекина низата од 12 натпревари без пораз на домашен терен, изгуби од Бордо со 3-0.

Најнови вести