Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2016

Италија победи во Израел, Шпанците лесно со Лихтенштајн

На гостувањето во Израел Италија славеше со 3-1, додека Шпанија убедливо со 8-0 го совлада Лихтенштајн во двата преостанати натпревари од групата во која игра нашата репрезентација.

Фаворити во групата се Италија и Шпанија, коишто стартуваа со победа во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.
Прв стрелец за Италијанците беше Пеле во 14-тата минута од средбата, а потоа Кандрева во 31-вата минута од пенал зголеми на 2-0. Само по четири минути, Бен Хаим погоди за Израел. Во 55-тата минута од натпреварот Кјелини доби втор жолт картон, што им даде надеж на домаќините за изедначување, но Имобиле во 83-тата минута го постави конечниот резултат од 1-3.
Во другиот натпревар од групата, Шпанците ја наполнија мрежата на Лихтенштајн и натпреварот го завршија со резултат 8-0. Диего Коста, Давид Силва и Алваро Мората постигнаа по два гола, а по еден погодок имаа Роберто и Витоло.

Најнови вести