Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
31.8.2016

Слимани и Силва во Лестер за 51 милион фунти

Англискиот шампион Лестер на последниот ден од преодниот рок реши да потроши дури 51 милион фунти за доведување на Ислам Слимани и Адриен Силва, првотимците на Спортинг од Лисабон.

„Лисиците“ веќе неколку седмици беа во преговори со португалскиот клуб, кој ги одбиваше почетните понуди сè додека не извлече уште 8,5 милиони фунти од Англичаните.
Напаѓачот Ислам Слимани поради одењето во новиот клуб, доби и дозвола да ги напушти подготовките на репрезентацијата на Алжир за да го реализира трансферот вреден 30 милиони фунти. Алжирецот само за три сезони во Спортинг постигна 48 голови на 82 натпревари, а во Лестер се надеваат дека ќе ја оправда довербата како и неговиот сонародник Ријад Марез.
За Адриен Силва, досегашниот капитен на Спортинг и репрезентативец на Португалија, „лисиците“ спремија 21 милион фунти, со што вкупните трошоци на Лестер во летниот преоден рок се искачија на 91 милион фунти. Претходно ги доведоа: Ахмед Муса од ЦСКА за 16 милиони фунти, Нампалис Менди од Ница за 13 милиони, Бартош Капустка од Краковија за осум милиони и Рон-Роберт Цилер од Хановер за три милиони фунти.

Најнови вести