Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2016

Жоао Марио официјално во Интер за португалски рекорд

Жоао Марио, досегашниот фудбалер на Спортинг од Лисабон, направи трансфер во Интер за рекордни 45 милиони евра во португалскиот фудбал.

Дваесет и тригодишниот играч за врска со доаѓањето во Интер стана најскапиот португалски фудбалер, но и на тамошната Примеира лига, бидејќи го сруши рекордот на Џејмс Родригес при трансферот од Порто во Монако за 40 милиони евра.
Од португалските фудбалери досегашниот рекорд го држеше Нани, кој во 2007 година потпиша за Манчестер јунајтед за 25,5 милиони евра од Спортинг.
„Воодушевени сме што го доведовме Марио. Тој е врвен играч и ја претставува иднината на клубот, сигурен сум дека го засиливме и онака квалитетниот тим“, изјави претседателот Ерик Тохир за официјалната интернет-страница на Интер.
Жоао Марио беше стандарден член на репрезентацијата на Португалија на Европското првенство во Франција, каде што ја освои шампионската титула.

Најнови вести