Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2016

Шампионот го награди Дринквотер со нов договор

Лестер го чува ’рбетот на тимот кој ја освои титулата минатата сезона, договорот го продолжи играчот за врска Дени Дринквотер.

Фудбалерот кој израсна во Манчестер јунајтед беше еден од носителите на играта на тимот минатата сезона, а награден е со побогат договор до 2021 година.
„Го сакам овој клуб, идеален е за мене и за мојата кариера. Сакам да останам уште долго овде и можам да кажам дека никогаш не сум бил посреќен“, изјави Дринквотер за клупската интернет-страница.
Тој во Лестер е веќе четири и пол години, а претходно го носеше дресот на: Хадерсфилд, Ватфорд и Барнсли.
Освен со Дринквотер, Лестер ова лето го продолжи договорот уште со: Ријад Марез, Вес Морган, Џејми Варди, Каспер Шмајхел и Енди Кинг.
Од носителите на играта во минатата сезона си отиде само Нголо Канте, во Челзи за 35 милиони евра.

 

Најнови вести