Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2016

ДЕМИРИ Е НОВ МИЛИОНЕР НА ДВЛМ

Во релаксирана атмосфера, пред уплатното место на Sport Life кај Соборниот храм во Скопје, Државна видеолотарија на Македонија пред медиумите го претстави најновиот добитник на Милионер Џекпот.

Насмеаниот Демири, придружуван од целото семејство, од претставниците на ДВЛМ, Sport Life и автомобилскиот ас Игор Стефановски Иџе, го доби чекот на „Милионер џекпот“ кој гласи на добивка од 1.376.494,00 денари.
Насмеан и возбуден ни ја раскажа својата забавна приказна која го донесе на патот на среќата. Игра често, во паузите од работните обврски и грижата за семејството. Досега имал само ситни добивки. Оваа е првата поголема на која се радуваа сите членови на семејството. Вели дека парите ќе ги потрошат за сè она што им недостасува, но најмногу се радуваат што ќе може да ги изненадат трите дечиња, посебно помалата ќеркичка, која од септември тргнува во училиште, и најмалото синче, кое закрепнува од болест.
Ова е деветти милионер, добитник на „Милионер џекпот“ на ДВЛМ, инаку прв кој падна во уплатните места на Sport Life. Обложувалниците на Sport Life се места со најголем процент на „Мини џекпот“ добивки досега, од вкупниот број на вакви среќни добитници.
Среќниот Демири, добивката вредна 1.376.494,00 денари ја освоил во обложувалницата Sport Life Маџари 1 во Скопје на 19.08.2016.

Најнови вести