Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2016

Роналдо: Доаѓањето на Зидан промени сè

Кристијано Роналдо изјави дека доаѓањето на Зидан направи пресврт минатата сезона.

Португалецот, според своето признание, имаше можеби и најуспешна сезона во кариерата бидејќи ја освои Лигата на шампионите, а потоа и Европското првенство.
Рафаел Бенитес ја почна минатата сезона на клупата на Реал Мадрид, но во јануари го замени Зинедин Зидан.
„Не ја почнавме добро минатата сезона, но крајот беше среќен. Мислам дека сè се поправи кога дојде Зидан. Ја освоивме Лигата на шампионите, бев најдобар стрелец и тоа беше една од најдобрите сезони во мојата кариера. Кога ќе се погледнат трофеите, тоа беше мојата најдобра сезона. Го освоив и Европското првенство, што е посебна работа за мене“, изјави Роналдо.

Најнови вести