Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2016

Силесен доаѓа на „Камп ноу“

Барселона тајно ја договорила работата со Јаспер Силесен, голманот на Ајакс.

Дваесет и седумгодишниот Јаспер Силесен, голманот на Ајакс и број еден во Холандија (30 натпревари од 2013), во Барселона доаѓа како замена за Клаудио Браво.
Останува уште да се завршат формалностите околу потпишувањето на договорот вреден 12 милиони евра, а на виделина излезе дека Барса тајно преговарала со Ајакс и со Силесен кога било извесно дека ги напушта капитенот на Чиле.
На Силесен реванш-натпреварот на Ајакс со Ростов во Русија, во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите, веројатно ќе му биде за збогување од клубот. 
Тој е негов член од 2011 година, одигра 101 натпревар, а стигна од клубот НЕК. Со Ајакс три пати беше шампион на Холандија, трет со „лалињата“ на Мундијалот во Бразил, а во претходните две сезони беше прогласуван за играч на годината на Ајакс.

Најнови вести