Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2016

Валенсија: Алкасер и Мустафи не се на продажба

Управата на Валенсија им порача на сите заинтересирани клубови дека Пако Алкасер и Шкодран Мустафи не се на продажба.

По поразот од Лас Палмас (2-4) на последниот натпревар од првото коло во шпанската Ла лига, јасно е дека на „лилјаците“ во овој момент им се потребни купувања, а не продажби.
„Трансфер пазарот е отворен и постојат многу можности, но да купиме, не да продадеме. Алкасер и Мустафи моментно не се на продажба, освен ако некој не понуди 70 милиони евра, колку што се нивните продажни клаузули во договорот, а не верувам дека ќе се случи тоа“, изјави тренерот Пако Ајестаран.
За 24-годишниот  дефанзивен играч Мустафи беше загреан Арсенал, додека за услугите на 22-годишниот напаѓач Алкасер беше заинтересирана Барселона.

 

Најнови вести