Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2016

Кристијан Гонзалес во Севилја

Севилја доведе уште еден млад и многу перспективен играч, Кристијан Гонзалес, досегашниот член на уругвајскиот Данубио.

Дваесет годишниот фудбалер потпиша четиригодишен договор, а игра на позицијата стопер.
Финансиските детали од договорот не се објавени.
Севилја ова лето изгуби врвни играчи, како што се: Гамеиро, Коке, Криховјак и Банега, па неопходни ѝ се засилувања. Гонзалес е редовен во младата репрезентација на Уругвај, а минатата сезона одигра 35 натпревари.
Севилја во првиот натпревар од новата сезона на Примера лигата го совлада Еспањол со 6-4.

Најнови вести