Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2016

Барса чести: Одморот на Нејмар за Гинис!

Фудбалскиот клуб Барселона му овозможи на Бразилецот Нејмар продолжено отсуство по обврските што ги имаше во националниот тим во текот на Олимписките игри.

Досегашниот капитен на фудбалската репрезентација на Бразил доби продолжено отсуство во својот клуб по успехот што го оствари со „кариоките“ на Олимписките игри во родната земја.
Луис Енрике, тренерот на каталонскиот состав, му овозможи на Нејмар да се задржи во татковината до осми септември и да го искористи слободното време целосно да закрепне од репрезентативните обврски.
Бразилецот Барселона ја напушти на 23-ти мај, откако каталонскиот клуб го прослави освојувањето на трофејот во финалето на шпанскиот Куп. Наредниот ден Нејмар го почна одморот на Ибица, а потоа продолжи кон Лас Вегас и Њујорк.
Додека беше на одмор, Нејмар го продолжи договорот со Барселона до 2021 година, а потоа почнаа подготовките за Олимписките игри и самото учество на турнирот во Рио де Жанеиро.
Кога ќе се собере сè, земајќи го предвид тоа што Енрике му дозволи на Бразилецот да го продолжи престојот во родната земја, Нејмар од Барселона ќе отсуствува вкупно 107 дена, што е речиси третина од календарска година.
Барселона новата сезона ја почна успешно, со освојувањето на трофејот во шпанскиот Суперкуп и убедливио триумф над Бетис (6-2) во првото коло на Примера лигата.

Најнови вести