Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2016

Швајнштајгер се договорил со Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат дека Бастијан Швајнштајгер договорил сè за трансфер во Јувентус.

Германскиот фудбалер е надвор од првиот тим, а доколку Манчестер јунајтед сака да се ослободи, ќе мора да му исплати, или оштета, или 17 милиони, ако наредните две години остане на „Олд Трафорд“.
Швајнштајгер во италијанскиот клуб би заработувал четири милиони евра по сезона, што е повеќе од двојно помалку отколку во Англија, но би добил одредена минутажа и шанса да ја оживее кариерата.
Јувентус секако дека сака да го доведе без оштета, бидејќи луѓето од управата знаат дека Јунајтед сака да ги спаси парите кои мора да му ги исплати на Германецот.
Сега на потег е Манчестер јунајтед, во случај да му дадат дозвола на Швајнштајгер, би заштедиле на неговата плата, што не е занемарлива сума.

Најнови вести