Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2016

Кинески конгломерат сака да го купи Ливерпул

Ливерпул малку непријатно ја почна новата сезона во Премиер лигата. Само по две одиграни кола, се гледа дека клубот ќе има проблеми ако не преземе нешто.

Англиските медиуми пишуваат дека постојат заинтересирани купувачи за Ливерпул, како и дека тоа очигледно би било решение за сите проблеми.
Купувачот би требало да биде конгломератот „Евербрајт“, чија примарна дејност е финансиски услуги и кој клубот го проценил на 700 милиони фунти и пратил понуда со тој износ.
Но, Американецот Џон Хенри, сопственикот на славниот клуб во пад, не  е заинтересиран за целосна продажба на клубот, туку само на дел.
„Веќе разговаравме за тоа... Под вистински услови и со вистински партнер подготвени сме да соработуваме, да му препуштиме удел во клубот. Сè со долгорочна цел и поради унапредување на Ливерпул“, изјави изворот за „Дејли мејл“.

Најнови вести