Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2016

Венгер: Извинете зоштo Холдинг не чини 55 милиони фунти

Арсен Венгер иронично им се извини на навивачите што Роб Холдинг не чинел 55 милиони фунти, и со тоа им одговори на критиките дека не троши доволно на засилувања.

Арсенал во саботата одигра 0-0 со Лестер во гости, а екипата го напушти теренот со повици францускиот стручњак да се „отвори“.
Венгер изјави дека не ги разбирал таквите повици бидејќи трошењето многу пари не гарантира дека засилувањата ќе бидат добри.
„Не разбирам зошто зборувате дека неволно трошам пари. Ако купам некого за 45 милиони фунти, дали тоа значи дека добро работам? Ако ве слушам вас, тогаш тоа би значело дека добро работам бидејќи многу трошам, но трошењето не е квалитет сам по себе. Никој не зборува за играта на Роб Холдинг. Би требало да се радувате за него: Англичанецот има 20 години, но извинете што не чинеше 55 милиони фунти, така што сигурно не е добар“, изјави Венгер.
Тој додаде дека клубот мора да работи одговорно и дека сака да потроши пари на добри играчи.
„Да се трошат пари на врвни играчи е нешто друго, и ние сме подготвени за тоа . Ќе потрошам и 300 милиони ако најдам таков играч, ако би имал 300 милиони. Во нашиот клуб работат 600 луѓе, мораме да работиме одговорно. Медиумите многу влијаат врз навивачите, што е дел од денешниот процес“, изјави Венгер.
Тој ја повтори својата филозофија дека играчите треба да го засилуваат тимот.
„Целиот тим работи на засилување на екипата. Тука не сум само јас. Ако најдеме играчи коишто можат да ја засилат екипата, тогаш ќе ги купиме“, изјави Венгер.

Најнови вести