Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2016

Икарди одлучи да остане во Интер

Мауро Икарди, капитенот на Интер, ѝ стави крај на приказната околу неговото заминување со одлуката да го продолжи договорот со „нераѕурите“.

Аргентинскиот фудбалер договори нова соработка со клубот од Милано до 2021 година, според која ќе заработува по пет милиони евра по сезона, без бонуси и без дополнителни права на неговите реквизити и дресови.
„Нови цели, но со иста љубов во наредните години“, изјави Икарди на својот профил на „Твитер“ покрај сликата со дресот на Интер.
Интер во новиот договор стави клаузула од најмалку 100 милиони евра, со што ќе може веднаш да ги одбие заинтересираните страни.
Првиот стрелец на Интер многу го сакаа Наполи, Јувентус, Челзи, Арсенал и Атлетико од Мадрид.

Најнови вести