Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2016

Барселона убедлива во шпанскиот Суперкуп

Фудбалерите на Барселона ја отворија новата сезона во Шпанија со освојувањето на трофејот во Суперкупот.

Каталонците во двојниот натпревар беа подобри од Севилја, победија со 2-0 во Андалузија, а на домашен терен триумфираа со 3-0.
Барселона поведе веќе во десеттата минута преку Арда Туран, Турчинот го дуплираше водството на самиот старт на второто полувреме, а триумфот во 56-тата минута го потврди Лионел Меси со удар со глава како во финалето од Лигата на шампионите во 2009 година против Манчестер јунајтед.
Кон средината на првиот дел на играта Севилја ја пропушти најдобрата шанса да изедначи, Висенте Ибора шутираше пенал, но ударот го одбрани Клаудио Браво, во својот веројатно последен настап за каталонскиот тим пред преселбата во Манчестер сити.
Единствена точка на победата на Барселона е повредата на Хавиер Маскерано, кој мораше да го напушти теренот десетина минути пред крајот,а бидејќи Луис Енрике веќе изврши три замени Каталонците натпреварот го доведоа до крајот со десетмина играчи на теренот.
Новата сезона во Примера започнува утре со дуелот меѓу Малага и Осасуна, додека Барселона во одбрана на титулата започнува во сабота против Бетис на „Камп ноу“.

Најнови вести