Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2016

Барселона на чекор од 12-тиот Суперкуп

Фудбалерите на Барселона ја победија Севилја во гости со 2-0 во првиот натпревар од шпанскиот Суперкуп.

Шампионот на Шпанија до победата стигна во второто полувреме и сега е на чекор од освојување на 12-тиот Суперкуп, прв од 2013 година.
„Каталонците“ почнаа во лесен ритам против освојувачот на Лигата на Европа, но во продолжението стигнаа до победа, а од другата страна не примија ниту еден гол.
Првиот гол во 54-тата минута го постигна незапирливиот Луис Суарес по додавањето на Арда Туран, а девет минути пред крајот на средбата Мунир Ел Хадади го постави конечниот резултат.
Лионел Меси беше асистент кај тој погодок, најдобриот играч на светот не постигна гол, но повторно беше играч на натпреварот.
Реваншот на програмата е за три дена.

Најнови вести