Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2016

Вилјареал неочекувано остана без тренерот

Тренерот на шпанскиот прволигаш Вилјареал Марселињо Гарсија Торал ја напушти таа функција иако сезоната уште не е почната, соопшти клубот.

Марселињо направи голем успех со тимот по четвртото место во Примера минатата сезона и шансата да се бори со Монако за пласман во Лигата на шампионите. Покрај тоа стигна и до полуфиналето на Лигата на Европа каде беше елиминиран од Ливерпул.
Торал на клупата на „жолтата подморница“ беше три и пол години, а претходно беше тренер на Спортинг Хихон, Сарагоса, Рекреативо Уелва, Расинг Сантандер и Севилја.
Најголем фаворит да го наследи е поранешниот тренер на Манчестер сити Мануел Пелегрини кој од 2004 до 2009 година беше на клупата на Вилјареал.

 

Најнови вести