Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2016

Шест месечна пауза за Солдадо

Шпанскиот прволигаш Вилјареал потврди дека напаѓачот Роберто Солдадо ги скинал вкрстените лигаменти и страничниот менискус на десното колено.

Искусниот напаѓач се повреди на вчерашниот натпревар со Ла Коруња, а лекарите денес ја констатираа тешката повреда поради што ќе мора да се подложи на хируршки зафат.
Процесот на заздравување од овој вид на повреда е од шест до девет месеци, па Вилјареал ќе мора да бара ново решение во нападот.
Солдадо се врати во шпанскиот фудбал по две сезони поминати во Тотенхем и минатата сезона за Вилјареал одигра 28 натпревари и постигна пет голови.

Најнови вести