Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2016

ЛШ: Добар резултат за Селтик во Астана

Фудбалерите на Розенборг го победија тимот на АПОЕЛ на домашен терен со 2-1, во првиот натпревар од 3-тото коло во квалификациите од Лигата на шампионите.

Норвешкиот тим водеше со 2-0 на полувреме, но тимот на АПОЕЛ сепак постигна важен гол на гостински терен кој им го остави нападот пред реванш натпреварот.
Гиткјер го постигна првиот гол во 23-тата минута, а Скјелвик ја дуплираше предност во надополнувањето од првиот дел. Конечниот резултат на 23 минути пред крајот го постави Ефрем.
Дуелот во Казахстан меѓу Астана и Селтик заврши нерешено со 1-1, па шкотскиот шампион секако е многу позадоволен. Логвиненко и ја донесе предноста на Астана во 19-тата минута, а изедначи Грифитс на 12 минути пред крајот. 
Со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Астра и Копенхаген. Теишеира ја донесе предноста кај Романците во седмата минута, а Данците изедначија преку Делани во 64-тата минута.
Турскиот Фенрбахче нема да биде задоволен со победата од 2-1 против Монако на домашен терен. Еменике постигна гол за Фернербахче, додека Радамел Фалкао на другата страна ја искористи грешката во одбраната и постигна гол на гости за францускиот тим.
Голема работа одработи Легија која славеше во Словачка против Тренчин со 1-0 голот на Николиќ.

Лига на шампиони - Квалификации 

Астана - Селтик 1-1
Розенборг - Апоел 2-1
Астра - Копенхаген 1-1
Фенербахче - Монако 2-1
Тренчин - Легија 0-1
Олимпијако - Хапоел бер Шева 0-0

Најнови вести