Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2016

Руските атлетичари ја поддржуваат Дарија Клишна

Руските спортисти и челници ја поддржаа атлетичарката Дарија Клишна, која на претстојните Олимписки игри би можела да биде единствената атлетичарка од Русија.

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја одби жалбата на Олимпискиот комитет на Русија и на 68 атлетичари кои бараа да учествуваат на Олимписките игри во Рио. ЦАС така ја потврди одлуката на меѓународната атлетска федерација (ИААФ)која поради наводниот систематски допинг им го забрани учеството на руските атлетичари во Рио.
Клишна, според одлуката на ИААФ, на игрите во Рио ќе настапи како неутрален спортист, бидејќи ги исполнува потребните критериуми.
По оваа одлука на ИААФ бројни навивачи на Русија ја напаѓаат Клишна нарекувајќи ја предавник и бараа од неа да го одбие настапот на игрите во Рио.
Клишна беше поддржана од светската шампионка во скок Марија Кучина, додека Вера Рудакова специјалистката за трки на 400 метри со пречки, наведе дека не ја смета за предавник.
„Ќе навиваме за неа“, изјави Рудакова.
Тренерот на руските атлетичари Јуриј Борзаковски изјави дека е во контакт со Клишна и дека ја поддржува.

Најнови вести