Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2016

Никој не сака да игра на Роџерс купот

Организаторите на Роџерс купот во Торонто се соочуваат со големи проблеми пред почетокот на турнирот.

Многу врвни тенисери се откажаа од настапот во Канада, а последниот меѓу нив е францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга.
Цонга не ја откри причината поради која го откажува својот настап, но се претпоставува дека сака што подобро да се подготви за Олимписките игри во Рио.
Тој е само еден од низата играчи кои ќе го прескокнат Мастерс турнирот, по Роже Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј. Во Торонто нема да бидат ниту Андреас Сепи, Никола Мау, Пабло Куевас и многумина други.
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ би требало да настапи на турнирот на кој најголема конкуренција му претставува Станислас Вавринка, Кеи Нишикори, Томаш Бердих, Милош Раониќ и Доминик Тим.
Ѓоковиќ има добра шанса дополнително да ја зголеми разликата на АТП листата- минатата година загуби во финалето, но со откажувањето на Британецот се зголемува можноста да заработи повеќе од 1.000 бодови.
Роџерс купот во Торонто се игра од 25 до 31-ви јули за награден фонд од 4.178.500 долари.

Најнови вести