Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2016

Погба станува најскапиот фудбалер во историјата

Францускиот фудбалер Пол Погба ќе стане најскапиот фудбалер во светот по трансферот од Јувентус во Манчестер јунајтед.

Висината на неговиот трансфер ќе биде 120 милиони евра, пренесуваат медиумите во Италија.
Јувентус ја одби понудата во Манчестер од 101 милион евра, но играчот и соопштил на управата на клубот дека сака да си замине. Веста за одлуката на Погба ја пренесе „Стампа“, весник кој е во сопствеништво на „Фијат“, автомобилската компанија која е во сопственост на семејството Ањели, а потоа и „ Газета дело спорт“.
„Стампа“ пренесе дека клубовите се близу до договорот и дека играчот ќе ги чини околу 120 милиони евра, додека „Газета дело спорт“ наведе дека Јувентус ќе бара 125 милиони евра.
Ако се случи тоа, Погба ќе ги помине 100,8 милиони долари колку што во 2013 година Реал Мадрид му плати на Тотенхем за Герет Бејл.
Јувентус би требало да добие околу 100 милиони евра, додека остатокот ќе отиде кај играчот и неговиот менаџер Мино Рајола, поради џентлменскиот договор на клубовите. Погба би требало во Манчестер да има плата околу 12 милиони евра годишно.

Најнови вести